Музика за мирен сон: Делата на овој славен композитор ќе ви помогнат да заспиете како бебе

Истражувањата кои ги спроведоа научниците од британските универзитети „Голдсмит“ и „Шефилд“ покажаа дека делата на овој композитор се вистински приспивни песни.

Доколку сакате да ви се приспие, пред да заминете во кревет слушајте музика од Јохан Себастијан Бах.

Во анкетата учествувале 650 лица кои одговарале на прашањата која музика им помага да заспијат. Како најпопуларна „приспивна песна“ се покажала класичната музика со 31,96 отсто застапеност во одговорите, меѓу кои нотите на Бах биле најпосакувани. На второ место се поставила рок музиката која ја слушале 10,82 отсто од испитаниците и на крај поп музиката со која се заспивале 7,47 отсто од учесниците во студијата. Најнепопуларна музика за заспивање, како што се покажало, е хеви-метал.

После Бах, „титула“ за популарност поделија и на Ед Ширан и Волфганг Амадеус Моцарт, потоа на Брајан Ино и Фредерик Шопен.

Во студијата, покрај поимот музика, често е користен и поимот „одвраќање на вниманието“. Испитаниците музиката најчесто ја поврзувале со средство за одвраќање од негативни мисли.

Музиката е опција за многумина на кои им треба помош во борбата против несоница, бесплатна е, а притоа нема нуспојави, заклучиле авторите на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот