Плакат за дводневниот настан во пабот „Ѕе“

Музички фестивал од Војводина викендов ќе се претстави со програма во Скопје

Во македонскиот паб „Ѕе“ во Градскиот трговски центар во Скопје на 17 и 18 април гостува фестивалот „Malomfesztivál“, кој доаѓа од северот на Војводина.

Покрај музичките гости во Скопје ќе допатуваат и директорот на Фестивалот, Тамас Хорват (Tamas Horvath), како и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ, кои пред македонската јавност ќе го претстават и промовираат овој мошне значаен настан, кој е познат и како Фестивал на ветерници и се одржува секоја година во август во селото Ором, во општина Кањижа, на северот на Војводина.

„Malomfesztivál“ во Ором се одржува три дена и нуди богати содржини од областа на уметноста, музиката и екологијата. Вообичаено има посетители од сите возрасти кои уживаат во музичките настапи на домашни и странски изведувачи и уметници, а покрај музичката програма на присутните им се нудат и други содржини, како креативни кампови, работилници од областа на театарот, книжевноста, филмот, како и работилници за најмладите.

Овој викенд македонската публика ќе може да ги доживее настапите на „Skier & Yeti“ од Србија, „Taxi consilium“ од Македонија, како и диџеите: Wocky, Svemirski mjau и Deeman.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот