Муслиманските гробишта во Виена одбиваат погреб на терористи: Фејзулаи може да биде погребан во Македонија
Слободен печат
Пред
Муслиманските гробишта во 23. виенска општина одбија да го погребаат Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември изврши терористички напад во главниот град на Австрија.
– Алах ќе се пресмета со него. Но, и ние чувствуваме потреба нешто да направиме, изјави управникот на гробиштата, Али Ибрахим.
Муслиманските гробишта во Австрија постојат од 2008 година и на нив би требало да биде погребан Фејзулаи, кој уби четири лица и повреди повеќе од 20 луѓе.
– Тој е убиец, кој уби невини луѓе и со тоа им нанесе штета на сите муслимани, посочи Ибрахим.
Тој додаде дека за одлуката е информирана исламската заедница, која го поддржала. Ибрахим посочи и дека другите верници изјавиле дека не сакаат да бидат погребани покрај убиец.
Фејзулаи, кој беше убиен по нападот од полицијата, сега може да биде погребан на муслиманските гробишта во покраината Форарлберг или во Северна Македонија, од каде е по потекло.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Појавата на опасната риба „зајачка глава“ на грчкото приморје, и покрај тоа што засега има само еден потврден случај на контакт со луѓе, создава доза на страв кај туристите што одлучиле ова лето одморот да го поминат кај јужниот сосед. Но колку е оваа риба навистина опасна и дали има простор за паника? Се упативме …