Мурињо со Бенфика не загуби цела сезона, но не дојде ниту до место во Лигата на шампионите
Одиграно беше и последното 34. коло од португалското првенство, со што се разреи и последната дилема околу тоа кој од двата лисабонски гиганти ќе обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона, покрај шампионот Порто.
Препорачано
Тоа место му припадна на Спортинг, кој со убедливата победа од 3:0 против Жил Висенте на домашен терен го потврди второто место на табелата.
Од друга страна, Бенфика и покрај тоа што ја заврши сезоната без ниту еден пораз, остана без пласман во Лигата на шампионите, бидејќи шампионатот го заврши дури на третата позиција. Кобни за „орлите“ беа дури 11-те ремија во текот на сезоната.
Интересно е што ова не е првпат Бенфика да остане без титула иако сезоната ја завршила непоразена. На клубот тоа му се случува по вторпат, со што стана единствен случај во европскиот фудбал.
„Орлите“ во последното коло го направија она што беше до нив во обидот да стигнат до второто место. На гостувањето кај Ешторил славеа со 3:1, а победникот беше решен уште во првото полувреме.
Стрелци за Бенфика беа Риос во седмата минута, Александар Бах во 15. минута и Рафа Силва само минута подоцна. Домашниот тим успеа само да го ублажи поразот преку Пеижињо во првата минута од судиското продолжение.


