Муниција од Втората светска војна би можела да принуди 10-годишна евакуација на цело село во Швајцарија

Фото: Википедиа

Околу 3.500 тони муниција останале закопани под камењата во близина швајцарски Митхолц

Село во Швајцарија можеби ќе мора да биде евакуирано на една цела деценија, додека властите ја не исчистат огромната депонија на оружје од Втората светска војна, пренесува Би-Би-Си.

Министерот за одбрана на земјата минатата година истакна дека тајното складиште претставува „неприфатлив“ ризик за жителите на местото Митхолц.

Сега властите соопштија дека жителите можеби ќе мораат да се отселат додека местото не биде исчистено.

– Во зависност од тоа како ќе се одвива работата, жителите треба да очекуваат евакуација на најмалку 10 години – констатирал министерот.

Жителите мораат да одобрат план за да го напушат подрачјето, а во тек е и јавна расправа за да се одлучи како е најдобро да се постапи во овој случај.

– Луѓето во селото живеат со генерации. Тешко е да ги гледаме во ваква ситуација – рече Бриџит Риндлисбачер претставничка на работната група во Митхолц.

Депото делумно екплодирало во 1947 година, притоа убивајќи девет лица и уништувајќи ја железничката станица која се наоѓала во негова близина.

Меѓутоа, повеќе од 70 години подоцна, околу 3.500 тони муниција останале закопани под камењата на тоа место.

Во извештајот од 2018 година, се вели дека ризикот со децении е потценуван, а отстранувањето на експлозивот би можело да биде „многу сложено“, бидејќи камењата мора да се отстрануваат слој по слој.

Официјалните лица веруваат дека подготвувањето на локацијата за евакуација исто така ќе трае најмалку 10 години – вклучувајќи изградба на пат кој би го заобиколувал тоа подрачје.

Евакуацијата на жителите на градот најверојатно нема да почне пред 2031 година.

Околу 800 жители се шокирани од веста за евакуацијата, пренесе швајцарскиот медум РТС.

Еден жител за овој медиуми рекол дека од идејата за можна евакуација го „заболело стомакот“, додека друга жена посочила оти мора да им биде понудена отштета, доколку биде побарано да се евакуираат од таму.

Се разгледува и планот депонијата едноставно да се затрупа со уште повеќе камења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот