Тимчо Муцунски / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Муцунски: Генерациите спремни да преземат одговорност да ја обликуваат иднината

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на форумот IYDU Freedom Forum во Скопје посочи дека иднината не ја обликуваат институциите сами по себе туку генерациите кои се спремни да преземат одговорност. Ова негово излагање беше во контекст на геополитичките предизвици со кои се соочуваат Европа и светот.

-Се сретнав со млади и локални лидери, како и со гости од повеќе земји – луѓе кои носат енергија, идеи и амбиции што секоја држава би ги посакала за својата иднина. Со нив разговарав за геополитичките предизвици со кои се соочуваат Европа и светот, нагласувајќи дека иднината не ја обликуваат институциите сами по себе, туку генерациите подготвени да преземат одговорност, напиша министерот на Фејсбук.

Говорејќи за надворешната политика на државата, додава дека патот веќе е јасно трасиран, со поставени стратешки темели, силни партнерства, реформски процеси и недвосмислена ориентација кон Европа и евроатлантското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот