Гордана Сиљановска Давкова, Тимчо Муцунски и Доналд Трамп на самитот на НАТО / Фото: Фејсбук

Муцунски: Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, оценува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“.

„Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека беше клучно да се донесе одлука, особено за идните инвестиции потребни за членките и Алијансата, вели Муцунски.

Во интервјуто, шефот на македонската дипломатија говори и за улогата на САД во донесувањето на овие одлуки.

– Сакам да нагласам дека без водството на администрацијата на Трамп и САД, никогаш не би ги донеле овие тешки одлуки. Значи, заслугата треба да оди таму каде што припаѓа. Но и одлично водство меѓу сојузниците, отвореност за дискусија и дебата и фокус на тоа дека вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста и слично. Затоа, повторно би го нарекол генерациски самит. Минатите беа историски, но одлуките овде се многу повеќе од историја. Станува збор за нашата иднина. Генерациски самит. Тоа е навистина моќно, вели Муцунски.

Во интервјуто, како што денеска соопшти ресорното Министерство, Муцунски зборувал и за нашиот придонес како земја членка на НАТО.

– Ние сме една од поновите членки на НАТО, но ние сме нација која сериозно го сфаќа членството во НАТО. И веќе планираме како да го достигнеме прагот од 5%. Покрај инвестирањето во армијата, за НАТО мисиите сме присутни од Балканот до Балтикот, со нашите храбри војници кои ја претставуваат нашата горда нација и придонесуваат за колективната безбедност. Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив. Рамо до рамо – од Балканот до Балтикот. Тоа е добар начин да се каже, нагласува Муцунски.

„Atlantic Council“ е американски тинк-тенк во областа на меѓународните односи, кој застапува атлантистички пристап и е основан во 1961 година. Управува со шеснаесет регионални центри и програмски единици кои се фокусираат на меѓународната безбедност и глобалниот економски просперитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот