Муарем Муарем од следната сезона во Работнички
Офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со „романтичарите“ и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера.
Официјално Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона 2020/2021.
Препорачано
Нов играч на „романтичарите“ е Муарем Муарем, офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11.
– Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера – информираат од фудбалскиот клуб Работнички.
Муарем Муарем во Македонија настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари). Ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија поради користење на недозволени супстанци.
Да додадеме уште дека 31-годишниот Драган Стојков го продолжи договорот на една година, а претходно шефот на стручниот штаб, Достаниќ потпиша нов двегодишен договор.


