Можни се нови напади на 11 септември, предупредија САД

Нападите на 11 септември. / Фото: SETH MCALLISTER / AFP / Profimedia

Министерството за внатрешна безбедност на САД предупреди дека претстојната 20. годишнина од нападите на 11 септември, како и одредени верски празници, моѓат да поттикнат напади од екстремистите.

Но, оттаму не најавуваат ништо за конкретни закани, туку само за зголемен ризик од напади. Како причини кои би можеле да поттикнат напади се наведени расна и етничка омраза но и ограничувањата воведени поради пандемијата со ковид.

Ова предупредување се базира врз извештаи на разузнавачки агенции, пренесуваат американските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот