Може ли родилката да бира како ќе се породи и до кога Скопје ќе биде најзагаден град во Европа? Утре во „Слободен печат“
Загадувањето руши неславни рекорди, а се одразува силно по здравјето и животот на граѓаните. Скопје најзагаден град во Европа, со смртни случаи од загадувањето како да сме во воена состојба, вели Горјан Јовановски, активист од Зелен Хуман град во утринската емисија „Слободен печат“. Граѓаните го креваат својот глас против загадувањето. Протестен марш низ улиците на Скопје за почист воздух, а се очекува и масовно да се приклучат и активисти и граѓани од другите градови во Македонија зошто состојбата е насекаде алармантна.
Може ли идната мајка да го одреди датумот на породување на своето дете и да одреди дали ќе се породува спонтано, по природен пат или со царски рез? Гледајте во интервју со д-р Корнелија Трајкова, гинеколог од приватната болница „Аџибадем-Систина“.
Со Ваљон Салиху, претставник за медиуми и вмрежување на „Јуроп Хаус“ и Јана Иванова правник во МЗМП на Меѓународен ден на човековите права разговараме за онлајн играта „Навигатор“ која ќе едуцира и наградува.
На 10 декември, во 20 часот во малата сала на Филхармонија, ќе се одржи предновогодишен концерт кој ги обединува звуците на четворица исклучителни музичари, Мухамед Ибрахими, Бобан Мирковски, Ратко Даутовски и Фјола Исмаили. По тој повод во емисијата „Слободен печат“ гостуваат пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.