Можат ли граѓаните да ја тужат државата поради загаден воздух и дали може да се затворат термоелектраните? Утре во „Слободен печат“
Грејната сезона започна, наскоро ќе почнат да се активираат алармите за загаден воздух од мерните станици. Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух. За првпат кај нас Врховниот суд, усвои начелно правно мислење, со кое ја задолжува државата да обезбеди здрава и чиста животна средина. Какви промени ќе донесе оваа одлука и дали конечно ќе ни донесе чист воздух ? Иницијативата пред судот е доставена од Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид. Гледајте го интервјуто со адвокатот Александар Гоџо на „Слободен печат“.
Може ли преку ноќ да ги затвориме термоелектраните? Неодмана Банквоч објави публикација „Усогласи, или затвори“ , а се донесувана термоелектраните во Западен Балкан. Резултатте за Македонија се поразителни. Што може да се направи? Гледајте во интервју со Давор Пехчевски, балкански енергетски координатор во аналитичката мреѓа Банквоч.
За крај интервју со Стефан Спасов актер. Тој е млад, талентиран и амбициозен актер, кој игра главна улога во долгометражниот игран филм на Димитар Оровчанец, „Убиј ги прво децата“.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.