EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Можам да правам што сакам со неа“ — на Трамп би му било чест да ја освои Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „ќе има чест да ја освои Куба“, пренесоа американските медиуми.

На прашањето на новинарите дали може да започне воена офанзива против Куба, Трамп одговори потврдно.

„Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја освојам – можам да правам што сакам со неа“,  рече Трамп.

Трамп ги прекина испораките на венецуелска нафта за Куба и се закани дека ќе воведе царини за секоја земја што ѝ продава нафта на Куба.

Куба во петокот објави дека започнала разговори со САД со надеж дека ќе ја смири кризата.

Трамп во последните недели постојано повторуваше дека Куба е на работ на колапс и дека сака да постигне договор со САД.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел минатата недела изјави дека островот не добил пратка гориво три месеци.

 

Колапс на електричната енергија во Куба, голем дел од државата остана без струја

 

Трамп: Нема веќе нафта, ни пари за Куба – нула!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот