фото: EPA-EFE/Filip Singer

Мото ГП: Хорхе Мартин победник на трката во Германија

Возачот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин победи на трката за Големата награда на Германија во Мото ГП шампионатот.

Така, по победата на спринтерската трка во саботата, тој уште еднаш славеше на патеката Заксенринг.

До триумфот дојде по возбудлива завршница, пред мотоциклистот на „Дукати“, Франческо Бањаја. Мартин беше побрз од Бањаја за само 0,064 секунди, додека Жоан Зарко заврши на третото место.

Марк Маркес на „Хонда“ се откажа од трката поради повреда. Во генералниот пласман Бањаја и натаму е прв и има 160 бодови, втор е Мартин со 144, а трет е Марко Беѕеки со 126 бодови.

Следната трка се вози на 25 јуни за Големата награда на Холандија во Асен.

ВИДЕО | Хорхе Мартин најбрз на спринт трката во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот