Москва подготвена за разговори со САД

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува неговиот американски колега Доналд Трамп да дојде во Русија на одбележувањето на Денот на победата, на 9 мај следната година.

-Москва е подготвена за разговори со САД, рече синоќа Путин пред новинарите на самитот на БРИКС во Бразил, додавајќи дека во моментов нема планови за средба со Трамп.

Путин изјави дека не планира да се сретне ни со украинскиот претседател Володомир Зеленски пред меѓународниот самит за Украина.

Тој кажа дека има уште многу работа на североистокот од Сирија, посебно во регионот Идлиб, што го држат бунтовниците.

-Русија се надева дека Женевскиот мировен процес за Сирија ќе биде успешен, оцени рускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот