Моравјецки најави разговори со европски колеги за мигрантската криза

мигранти белорусија полска
Хаос со мигрантите на границата на Белорусија со Полска/Фото: Screenshot/Youtube

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека ќе одржи повеќе разговори во Европа за притисокот на мигрантите на границата на Европската унија со Белорусија.

Моравјецки рече дека утре ќе се состане со своите колеги од ЕУ, Литванија, Летонија и Естонија, кои исто така беа погодени од мигрантскиот притисок во последните месеци, но во помала мера.

Во текот на следната недела тој ќе отпатува во некои европски земји, но не прецизираше кои.

Премиерот на Полска на Фејсбук напиша дека ова е многу сериозна геополитичка ситуација, која бара многу дипломатски напори, бидејќи голем број мигранти од Блискиот Исток остануваат во Белорусија и продолжуваат да се обидуваат да влезат во Полска.

„Затоа ќе одам во некои европски земји да разговарам за меѓународната криза предизвикана од постапките на (белорускиот претседател) Александар Лукашенко. За жал, има бројни знаци кои укажуваат дека оваа геополитичка криза ќе продолжи уште многу месеци, па и години”, истакна Моравјецки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот