Монтела објасни зошто Турција ја избрала токму Македонија за противник пред Мундијалот
Македонската фудбалска репрезентација утре од 19 часот ќе гостува во Истанбул, каде што ќе одигра пријателски натпревар против Турција. За домаќините овој дуел претставува важен дел од подготовките за претстојното Светско првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На денешната прес-конференција, турскиот селектор Винченцо Монтела објасни дека изборот токму на Македонија како противник не е случаен, туку е направен со јасна цел во пресрет на мундијалските предизвици.
„Светското првенство е најголемата сцена во фудбалот и секоја репрезентација има можност да ја претстави својата фудбалска филозофија. Ја избравме Македонија бидејќи сметам дека нивниот стил на игра има одредени сличности со оној на Австралија. Верувам дека овој натпревар ќе ни послужи како добра проверка пред дуелот со Австралија на Светското првенство“, изјави Монтела.
Турскиот стратег зборуваше и за амбициите на неговата селекција на претстојниот Мундијал, нагласувајќи дека првата цел е пласман во нокаут-фазата.
„Најважно е да ја минеме групната фаза, а потоа ќе размислуваме чекор по чекор и натпревар по натпревар“, порача селекторот на Турција.


