Моника Белучи: Многу сум среќна, како да се пожалам?

Инстаграм

Моника Белучи ја краси насловната на „Ел“, преубава е и на 55 години.

Италијанската глумица Моника Белучи (55) во последно време е прилично активна. Во новото издание на француското списание „Ел“ ја краси насловната страница. Облечена е во трендовски костум во машки крој, во нејзината омилена боја – црната, а со потпис од омиелните креатори, Долче и Габана. Инаку, Белучи и оваа година е амбасадор на оваа луксузна модна марка.

Во интервјуто за „Ел“, Белучи зборува и за нејзиниот однос кон возраста, како и за нејзиниот став кон пластичните интервенции.

– Добро сум! Нема причина да се паничи! , започнува Моника Белучи, зборувајќи за нејзината возраст. -Помирена сум со тоа. Борбата против минливоста на времето е однапред изгубена, сепак, мислам дека имам добри гени и ги одржувам најдоброто што можам, со пилатес, со пливање …

Понатаму, во интервјуто Белучи зборува со емпатија за жените кои прават пластични операции:

-Сега имам многу други начини да живеам подобро на мојата возраст, но претпазлива сум, не ѝим судам на жените кои прават медицински интервенции и пластична хирургија. Луѓето се сурови, во смисла дека го напаѓаат правото на другите да го направат она што им е потребно за да се чувствуваат подобро.

Моника Белучи истакнува дека е задоволна од сè што успеала да изгради во животот.

-Многу сум среќна, како да се пожалам? Мојата работа ме исполнува, имам две убави ќерки! Јас сум производ на мојот сон од детството, тоа е многу важно, а не на изгледот што го имам или ќе го имам за десет години!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот