Монголката мис Србија повторно се огласи: Имам српски корени, со гордост го зборувам српскиот јазик
На претстојниот избор за Мис Универзум 2025, кој ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд, Србија ќе ја претставува Јелена Егорова, модел со монголско потекло.
Препорачано
Кога беше објавено дека Јелена ќе ја претставува Србија, српската јавност беше поделена. Еден дел од публиката го поздрави изборот, додека другиот реагираше бурно, тврдејќи дека некој „кој не е роден во Србија“ не треба да ја носи лентата на оваа земја.
Додека контроверзноста трае, Јелена Егорова повторно се огласи на својот инстаграм-профил и нагласи дека таа има српски корени.
„Голема чест ми е што оваа година ќе ја претставувам Србија на изборот за Мис Универзум. Мојата приказна е длабоко поврзана со Србија – имам српски корени, живеев и студирав во Србија и со гордост го зборувам српскиот јазик. Оваа земја стана дел од тоа што сум – нејзината култура, нејзините луѓе и нејзиниот неверојатен дух ме инспирираат секој ден. За мене, претставувањето на Србија не е само титула – тоа е мисија на љубов, гордост и единство. Сакам светот да ја види убавината, силата и срцето на српскиот народ преку мене“, напиша таа во објавата.
View this post on Instagram
Инаку, во септември 2021 година, Егорова открила преку социјалните мрежи дека паднала во стапицата на луѓе кои се претставувале како продуценти на музички спотови. Под изговор за кастинг, барале од неа да сними видео во долна облека. Наивно верувајќи дека станува збор за професионална понуда, таа се согласила, а потоа почналезаканите.
Набрзо ѝ порачале дека ако не им плати, ќе го објават видеото на интернет и ќе ја претстават како проститутка. За да го зголемат притисокот, се заканиле дека ќе го фотошопираат нејзиното лице на експлицитни фотографии од други жени и сето тоа ќе го објават во јавноста.


