УКИМ / Фото: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

МОН воведува стипендии за магистерски и докторски студии по македонски јазик

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека по воведувањето стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, годинава исто така за прв пат ќе додели и седум стипендии за втор и пет стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик.

„Конкурсите се веќе објавени, а за стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и се доделува девет месеци во годината, можат да аплицираат државјани на Македонија кои имаат завршено прв циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на втор циклус за прв пат во академската 2025-2026 година и да не се корисници на стипендија од други даватели, посочуваат од Министерството.

Кандидатите, пак, за стипендија за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари и се доделува 12 месеци во годината, треба да се државјани на Македонија со завршен втор циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на трет циклус за прв пат во академската 2025-2026 година, да не се корисници на стипендија од други даватели и да имаат две препораки од универзитетски професори.

Аплицирањето е исклучиво електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на линкот заклучно со 9 јануари 2026 година, информираат од МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот