МОН: Помалку од 1% активни случаи на ковид-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство

Родители го испраќаат своето дете во училиштето основното училиште „Киро Глигоров“ / 1 октомври 2020 година / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Министерството за образование и наука (МОН) на дневно ниво ја следи состојбата со ковид-19 во училиштата со цел да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес, велат од МОН за „Слободен печат“ на прашањето за актуелната состојба со коронавирусот во училиштата шируум земјава.

Оттаму додаваат дека ги следат протоколите за организирање на настава, нагласувајќи дека хибридниот модел на настава дава резултати.

– Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 % активни случаи на ковид-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. За споредба, на крајот на првото полугодие, согласно податоците пристигнати од училиштата, вкупниот број на активни случаеви кои следат настава со физичко присуство изнесуваше околу 50 ученици и 80 наставници, додека последните податоци на МОН со датум 18 Март се 81 ученик и 108 наставници активни случаи кои следат настава со физичко присуство – објаснуваат од МОН, образложувајќи дека секде каде има позитивни случаи се постапува навремено.

– Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес – заклучуваат од МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот