МОН: Најголемите критичари денес во минатото најмногу доцнеа со набавките на учебници

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Политичките субјекти кои денеска најмногу критикуваат дека се доцни со набавката и испораката на учебниците за основците и средношколците, всушност најмногу ги кочеа овие процеси кога во минатото раководеа со Министерството за образование и наука. Добро е да им ја освежиме меморијата дека токму пред 10тина години, кога нивни кадри управуваа со министерството, договорите за набавка на учебници беа склучувани после два-три месеци од отпочнувањето на учебните години, соопштија денеска од Министерството за образование и наука.

Оттаму ги презентираа договорите со издавачките куќи за откуп на учебници за основното и средното образование за учебната 2013-2014 година. На фотографиите се гледа дека се потпишани на 29ти, 30ти и 31ви октомври, како и на 4ти ноември 2013 година.

 

 

„За разлика од тогаш, денешното раководство на МОН и на другите надлежни институции во врска со набавката на учебници, сите надлежности ги преземаат навремено, многу порано од почетокот на една учебна година. Учениците, најголем дел од учебниците ги добиваат пред 1 септември, а мал дел во текот на септември. Нивното доцнење е поради тоа што постапките за нивна изработка и одобрување се пролонгирани од фактори на кои не може да се влијае институционално, односно не зависат од министерството. Наместо манипулации со јавноста, потребна е искреност кон граѓаните и најважно, поддршка на заложбите за градење на квалитетно образование. Оние кои се занимаваат со креирање на лаги и шпекулации, време е да почнат да даваат конкретни и конструктивни идеи за модернизација на воспитно – образовниот процес, а ние остануваме отворени за соработка, дискусија и прифаќање на секој предлог кој е изводлив и може да придонесе кон остварувањето на целта“,велат од МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот