Момент за историја: Фрапар ќе им суди на Ливерпул и Челзи

©Sportsfile

Ливерпул беше освојувач на титулата минатата сезона во Лигата на шампионите, а Челзи беше најдобар во Лигата на Европа.

Денеска беше објавено на официјалната страница на Европската куќа на фудбалот дека натпреварот од УЕФА Суперкупот меѓу Ливерпул и Челзи ќе го суди Стефани Фрапар на 14 август во Истанбул.

Фрапар ќе застане на центарот, а на Французинката ќе и помагаат Мануела Николоси и Мишел О`Нил.

Сè почесто гледаме како судијки ги водат финалните мечевите од големите клупски натпреварувања.

Слично е и на репрезентативен план, минатиот месец Фрапар делеше правда на финалето од СП за жени меѓу селекциите на САД и Холандија.

Претходно бевме сведоци како Македонката Ивана Пројковска го судеше финалето на ЕП за фудбалерки до 19 години меѓу Франција и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот