Момче се самозапали пред Американската амбасада во Копенхаген, не се знае зошто

Данска полиција / Фото: EPA-EFE/Olafur Steinar Gestsson DENMARK OUT

18-годишно момче денеска се самозапалило пред Американската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, соопшти полицијата.

Данскиот државјанин е пренесен во болница и е свесен, објави полицијата на Твитер. Неговата состојба е стабилна, објавија медиумите.

Данската новинска агенција „Рикау“ објави дека персоналот на амбасадата во областа Остербро ја известил полицијата за инцидентот утрото.

Засега не се познати причините за ужасниот чин на младиот човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот