Момче од Тетово напаѓало сограѓани и им се заканувало со гасен пиштол

Фото: МИА

Вчеравечер во Тетово било уапсено малолетно момче, откако 48-годишна жена од градот го пријавила дека ја нападнало, а малолетникот исто така ѝ се заканувал на жената со гасен пиштол. Подоцна, уште еден тетовец пријавил дека добил закани од момчето, соопшти МВР.

„На 20.04.2023 во 23.00 часот во Тетово на ул.”Благоја Тоска” од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода малолетник од Тетово затоа што истиот ден бил пријавен од С.С.(48) од Тетово дека физички ја нападнал и и се заканувал со оружје, а нешто подоцна бил пријавен и од Д.Љ.(24) од Тетово дека и нему му се заканувал. Од малолетникот бил одземен гасен пиштол“, велат од полицијата.

По целосното документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот