Момче од Македонија се удави во Црна Гора

Плажа на Св. Стефан, Црна Гора / Фото: Unsplash

Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.

Според информациите на овој портал, 22-годишниот млад човек вчера пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.

На телото немало траги на насилство.

Треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција, пренесе порталот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот