Молеровиќ за 8 Март: Учениците вниманието и благодарноста да ги покажат на многу други поблагодарни начини

Истовремено таа апелирише дека вниманието и благодарноста, учениците треба да ги покажат на многу други и поблагодарни начини.

Гостин во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше професорката, наедно и директорка на ОУ„Гоце Делчев“, Наде Молеровиќ, која говореше за Денот на жената, и подароците кои ги носат учениците за своите учителки.

Професорката Молеровиќ пред неколку дена на Фејсбук имаше апел, прво да се почитува законот дека вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари.

Истовремено таа апелирише дека вниманието и благодарноста, учениците треба да ги покажат на многу други и поблагодарни начини.

-Имајќи предвид дека Денот на жената треба да има сосема друг звук, и треба да означува борба за еднаквост и правда, кои за жал во светот и кај нас сè уште го нема. Се смета дека доколку на некому му донесете поскап поклон се доделува некое поголемо признание. Мојата желба беше да ја покренам свеста, особено на родителите да им ги укажуваат на своите деца поблагородните идеи. Идеи кои што ќе значат вложување на сопствен труд, изработка на свое дело, дали цртеж, дали картичка со кои тие би имале мжност на своите наставнички да им кажат едно големо благодарам- рече Молеровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот