МОК се правда: Членовите на семејствата на челниците на МОК и на АМС престојуваат во Токио на сметка на ИОК

фото: Македонски олимписки комитет

По вчерашната вест дека челниците на Македонскиот олимписки комитет и на Агенцијата за млади и спорт како дел од македонската делегација на Олимписките игри во Токио има и членови на најтесното семејство на истите, денеска МОК се огласи со соопштение.

Скандал: Членови на семејства на челниците на МОК и на АМС дел од делегацијата во Токио?!

МОК потврдува дека неговите највисоки функционери, претседателот Даниел Димевски, генералниот секретар Сашо Поповски како и директорот на АМ, Наумче Мојсовски во придружба на уште едно лице се дел од македонската делегација, но тие претстојувале на сметка на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Соопштението на МОК ви го пренесуваме во целост:

ИНФОРМАЦИЈА
Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:

Олимпиското село во Токио, е во состав:

  1. Владимир Богоевски – Шеф на делегација
  2. Небојша Настов – доктор
  3. Дејан Георгиевски – спортист
  4. Дарко Костовски – тренер
  5. Борче Костовски – тренер
  6. Филип Додевски – спаринг партнер
  7. Миа Блажевска Еминова – спортист
  8. Филип Деркоски – спортист
  9. Илија Стојановски – тренер
  10. Јован Стојоски – спортист
  11. Марина Мишиќ – тренер
  12. Борјан Бранковски – спортист
  13. Јордан Тасевски – тренер
  14. Пулексенија Јованоска – спортист
  15. Стојан Aндриевски – тренер
  16. Арбреша Реџепи – спортист
  17. Горан Мицкоски – тренер
  18. Магомедгаджи Нуров – спортист
  19. Могамед Ибрагимов – тренер

Сите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.

Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба.

Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.

Олимпискиот комитет на Северна Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.

Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излагаат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање на нови Олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме.
Олимписки комитет на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот