„МојТермин“ конечно проработе на задоволство на граѓаните (ВИДЕО)

Од денеска почна да функционира Мој термин, кој поради пандемијата од Ковид 19 беше во прекин. Граѓаните со олеснување ја примија ваквата одлука на здравствените власти. Дел од нив, не можејќи да чекаат слободен термин за преглед се обраќале и во приватните клиники каде платиле значително повисока сума за преглед и лекување.

Екипата на Слободен печат денеска го посети Универзитетскиот клинички центар, каде што се забележуваше зголемена раздвиженост на пациенти.

– Конечно почнаа да се ослободуваат термини за преглед. До сега одев на приватно, поскапо е, ама морав. Сега би требало да биде полесно, рече еден граѓанин кој денеска го сретнавме на Клиника.

За разлика од него, сретнавме и такви кои немале финансиска можност да отидат на приватен преглед.

– Никаде на приватно не отидов, немав можност, чекав да се ослободат термини, ни рече друг кој го сретнавме.

Имаше и такви кои за застојот го обвинија министерот за здравство, Венко Филипче.

– Само Филипче е крив за хаосот во здравството, докторите не се за ништо криви. Можеше со заштита да си работат амбулантите, а не вака шест месеци да не можеш на лекар да отидеш, рече еден од пациентите на Универзитетската клиника.

Проследете што ни одговорија другите граѓани:

Покрај итните пациенти, од денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство почнаа да се реализираат и сите останати прегледи, изјави директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

– Клиниката никогаш не престана да работи, сите пациентки кои беа итни, добија лекарски преглед и интервенција, породувањата се одвиваа без престан, единствено имаше прекин на ин витро интервенциите. Од денеска веќе има слободни термини за прегледи, и пациентките можат преку своите матични лекари да си закажат преглед на клиниката за гинекологија, истакна Јовановска и додаде дека има слободни термини, што значи дека не треба да стравуваат дали ќе добијат можност за преглед и интервенција.

Проследете го разговорот со директорката на ГАК, Викторија Јовановска:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот