Модното парче кое секоја жена мора да го има: Совршено за минималистичкиот стил кој е во мода летово! (ФОТО)
Доказ дека престојот во изолација го промени погледот кон модата е се поголемата популарност на трендот кој никој не го очекуваше. Обични маици без ракави, налик на машка долна маица ги полудеа модните зависнички кои во деновите на криза го негуваат минималистичкиот стил на облекување.
Обидете се сами да склопите комбинација со помош на ова модно парче и самите ќе ја сфатите моќтта на неговата трансформација. Ваквата обична бела маичка е совршен додаток за секој плакар, со оглед на тоа дека може безброј многу пати да се комбинира.
Преку ваквата маица може да додадете предимензионирано сако и да ги облечете омилените фармерки или панталони со висок струк, така што веднаш ќе добиете одлична модерна комбинација. Оваа маица изгледа одлично и со макси здолниште и сандали.
Трендсетерките ја обожаваат ова маица без никакви додатоци, бидејќи дава неверојатна доза на сексапил. Доколку се чувствувате доволно комотно – излезете и без градник слободно! Сигурни сме дека нема да сте единствените.
Доколку се уште го немате ова модно парче, време е да инвестирате во неколку вакви маици во различни бои. Тие се многу комотни и лесни за носење, совршено прилегаат на телото и се одлични за летните денови. Минималистичкиот стајлинг е во тренд!