Мнозинството Германци, Шпанци и Австријци се за завршување на војната во Украина, па макар и земјата да жртвува територија

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Шеесет и четири отсто од Австријците, 60 отсто од Германците и 50 отсто од шпанските испитаници сметаат дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро, дури и ако тоа значи дека Украинците би морале да жртвуваат дел од својата територија со отстапки кон Русија, покажуваат резултатите од новото паневропско истражување објавено денеска од шпанската агенција ЕФЕ.

Студијата ја спроведе Европската мрежа за испитување на јавното мислење „Јуроскопија” во девет земји од ЕУ – Португалија, Австрија, Холандија, Полска, Шпанија, Франција, Германија, Италија и Грција.

Испораката на оружје за Украина има поддршка од 56 отсто од анкетираните граѓани на ЕУ, покажа истражувањето.

Во Шпанија истражувањето „Сигма дос” го спроведе на крајот на декември на примерок од илјада испитаници.

Истражувањето покажа дека гласачите на левичарските партии на владејачката коалиција во Шпанија во најголем дел биле за што поскоро завршување на конфликтот во Украина, дури и ако тоа значи територијални отстапки за Русија, односно 61 отсто од гласачите на Unidas-podemos (GUE/NGL) и 55 проценти од гласачите од левицата од центарот на PSOE (S&D).

За такво решение на конфликт во Украина се изјасниле околу 46 отсто гласачи на десниот центар, како и 45 отсто на крајната десница и 44 отсто на либралниот центар

Кога станува збор за поддршката на Мадрид за Украина, 61 отсто од Шпанците изјавиле дека се воена поддршка за Киев.

Повеќе од 60 отсто од гласачите на ПСОЕ и ПП се за воена помош за Украина, додека повеќе од половина од гласачите на Унидас-подемос отфрлаат какво било продолжување на шпанската воена поддршка за Киев.

Испораката на оружје за Украина има поддршка од 56 отсто од анкетираните граѓани на ЕУ, покажа анкетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот