Младински лиги, М12 лига: Кошаркарките на Петровски го совладаа Вардар во финалниот турнир
Младите кошаркарки на Петровски ќе играат во финалето на М12 лигата во женска конкуренција, откако во првиот полуфинален меч од завршниот турнир во Скопје, беа подобри од екипата на Вардар со 49:35.
Препорачано
Екипата од Битола во салата „Независна Македонија“ – Скопје беше подобар ривал, и освен во последниот дел, кој му припадна на Вардар, имаа постојана предност.
Прво од 13:7, за во вториот период Петровски да се одвои и на уште повисоки 33:17, и практично да го реши прашањето околу конечниот победник, макар што пред двете екипи ги чекаше уште едно полувреме.
Но „вардарки“ немаа сили, немаа неергија да се вратат во натпреварот, гостинките од Битола ја задржаа високата предност и се изборија за место во финалето каде го чекаат подобриот од средбата Бадел 1862 – Струга 2009.
Налевска беше прв стрелец во екипата на Петровски, постигна 21 поен, додека одлична поентерска логистика доби од Наумовска која забележа 18 поени. Кај Вардар, Несторовска и Пацоли дадоа по шест поени.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
17 МАЈ (САБОТА)
Вардар – Петровски 35:49
16.30 часот: Бадел 1862 – Струга 2009
18 МАЈ (НЕДЕЛА)
12.30 часот: За трето место – Вардар – Бадел 1862/Струга 2009
15.00 часот: Финале – Петровски – Бадел 1862/Струга 2009


