Млади битолски музичари наградени во Белград

Фото: ТВ Тера - Битола

Од 14 до 20 март во Белград се одржа 20-от меѓународен музички натпревар „Даворин Јенко”. Натпреварувачите беа поделени во различни категории во зависност од нивната возраст. На овој натпревар во дисциплината Клавир Соло учествуваа и ученици од Државното музичко училиште во Битола, кои одлично ги покажаа своите пијанистички вештини и со тоа уште еднаш докажаа дека ова училиште на сите натпревари во државава и странство секогаш ги освојува највисоките места и постигнува одлични резултати, објави локалната телевизија „Тера“.

Жири комисијата беше во состав: Катарина Крпан, Драгомир Братиќ, Радојка Ивановиќ, Џулијано Адорно, Наташа Митровиќ, Гоара Нона Лазиќ и Марија Максимова, во различни категории за клавир и клавирско дуо.

Во изминатите години, меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ кој го носи името по српско-словенечкиот композирот од 19-от и почетокот на 20-от век, го привлече вниманието на домашната и странската музичка јавност со својот професионален, но отворен и флексибилен однос кон музиката, обидувајќи се да ги усогласи конфликтите во традиционалниот и модерниот пристап на конкуренцијата меѓу уметниците од сите возрасти, училишта и интереси.

Во категорија со голема конкуренција настапија учениците на Државното музичко училиште од Битола: Димитриј Стојчевски – ученик во 2 година – кој освои 1 награда и Анастасија Петреска-ученичка во 2 година – освои 2 награда .

Анастасија изведе дела од Јозеф Хајдн и Михаил Глинка, а Димитар од Лудвиг Ван Бетовен, Фредерик Шопен и Франц Лист. Двајцата се ученици кај професорката Татјана Божиновска. Повеќе од 8.500 натпреварувачи од Србија и странство (Словенија, Италија, Швајцарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Франција, Украина, Русија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Црна Гора, ОАЕ…) во претходните години учествувале на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот