Младеновиќ: 1ТВ зема мебел од нас и не го плати

Фото: Слободен печат

„Имавме договор со 1ТВ за компензација. Еднаш потпишавме договор на 296.000 денари. Тие дојдоа со возило и го земаа мебелот. Не знаевме за каде е мебелот. Летоска бев повикана од фотографии да го препознаам. Тоа и го сторив. Стануваше за земениот мебел кој и ден денес не е целосно платен“, изјави Лидија Младеновиќ директорка на Зона мебел и Џона текс.

– Вработени од салонот ми кажаа дека во продавница дошла девојка и оставила околу 2.750 евра како гаранција дека долгот ќе биде платен. Станува збор за земена аголна гарнитура, маса и две фотелји. За двата договора за мебелот на документите се потпиша Јасна Мандиќ. На двата договори таа се има потпишано со различни презимиња. Бидејќи се доцнеше со исплатата ние два пати испративме опомени до фирмата – нагласи сведокот Младеновиќ.

За мебелот кој бил земен во февруари 2019 година сведокот рече дека не поднеле тужба до телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот