Младата девојка Вики Рог ги моли луѓето да ѝ помогнат: Големите гради се проклетство

Instagram
Instagram

Вики Рог (19) со потекло од Бушеј, Велика Британија одлучи да собере средства во вредност од 5.000 фунти преку платформатата за донации „GoFundMe“ за да оди на операција за намалување на градите.

Instagram
Instagram

Рог со години страдала поради големината на нејзините гради, како што вели таа имала потешкотии при наведување и постојано примала аналгетици поради болка во `рбетот, кој претрпува голем товар поради нејзините големи гради.

Одењето во клуб за мене е ноќна мора, бидејќи сите мажи зјапаат во моите гради, непристојно го коментираат мојот изглед и честопати се обидуваат несоодветно да ме допрат“, вели Вики.

Instagram
Instagram

„Големите гради се проклетство. Порани нив, не можам да се движам како што треба и имам болки во вратот, а од градникот постојано имам исекотини на рамената“, додава младата девојка.

Таа додава дека претрпела насилство од врсници поради нејзините големи гради.

На училиште со години ме нарекуваа со погрдни имиња, поради што плачев цело време. Кога сте многу млади и кога врсниците ве етикираат на тој начин, не можете да уживате во растењето“, вели Рог.

Instagram
Instagram

Вики со години се соочува и со друг проблем кој како што вели таа е непознат за многу нејзини врсници.

Секогаш кога ќе купам костим за капење, горниот дел морам да го земам со огромни корпи. Не можам да одам во теретана, не можам да спортувам, бидејќи тежината на градите го отежнува сето тоа. Најлошото нешто е што постојано ме болат половините, не можам да носам градник повеќе од неколку часа на ден, а во текот на летото постојано ми се појавуваат пликови под градите,кожата ми пука и крвари“, потресно раскажува таа.

Принтскрин / GoFundMe

Хируршките третмани за намалување на градите во Велика Британија можат да се направат со помош на фондот за здравствено осигурување, но потебно е пациентките да поминат низа претходни прегледи за да се добие потврда дека интервенцијата е навистина оправдата. Покрај тоа, листата на чекање е неверојатно долга.

Instagram
Instagram

Затоа младата девојка се решила да почне да собира пари и да почека барем три години помалку, колку што е потребно за медицински комисии да ја одобрат операцијата за намалување на градите што пациентите ја плаќаат самите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот