Украинка / Фото: Скриншот Би-би-си

Млада Украинка: Мајка ми во Москва не ми верува дека нѐ бомбардираат

Александра и нејзините четири кучиња се кријат во бањата во нејзиниот стан од почетокот на гранатирањето на Харков.

„Кога ги слушнав првите експлозии, многу се исплашив, а луѓето околу мене беа исплашени, во паника ги оставија своите автомобили. Истрчав надвор, ги повикав кучињата и се вратив“, изјави 25-годишната Украинка за Би-Би-Си. Таа открива дека редовно зборува за сѐ со својата мајка која живее во Москва и која не ѝ верува и покрај тоа што и праќала дури снимки од бомбардирањето.

„Отпрвин не сакав да ги плашам моите родители, но потоа почнав да им кажувам дека овде умираат цивили и деца. Но, тие постојано велат дека тоа се случува случајно, дека руската армија никогаш нема да пука во цивили. Дека Украинците се оние што ги убиваат своите луѓе“, вели Александра, која верува дека нејзините родители не ѝ веруваат бидејќи медиумите во Русија се строго контролирани.

„Мајка ми само го повторува она што го слуша на руските државни канали. Беше ужасно кога ја слушнав мајка ми како точно цитира руска телевизија, збор до збор. Тие им го перат мозокот на луѓето. И луѓето им веруваат“, продолжува таа.

„Моите родители разбираат дека овде се случува некаква воена акција, но велат дека Русите дошле да нѐ ослободат: „Ништо нема да уништат, нема да ве допрат, целат само воени бази“, вели Александра во неверување.

„За малку ќе заборавив како звучи тишината. Тие гранатираат без престан“, рече таа во еден момент.

Би-Би-Си пишува дека истиот ден на руската телевизија не се спомнувало какво било гранатирање на Харков, ниту се спомнуваат проектили кои погодиле станбени згради во Харков, напади во кои четири лица биле убиени додека чекале ред за вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот