Млада српска полицајка вмешана во проституција, ја уапсија откако се појави експлицитна снимка

фото: Слободен печат, архива

Откако пред неколку месеци српската полиција ја потресе голем скандал по објавената експлицитна снимка на која се гледаат двајца полицајци, маж и жена, откриен е идентитетот на младата жена, која е уапсена под сомнение дека учествувала во мрежа за елитна проституција.

27-годишната полицајка од експлицитната снимка која неодамна ја шокираше јавноста, била пуштена да се брани од слобода откако денеска била приведена и сослушана поради сомнение за проституција, објави Курир.рс.

Порталот не наведува дали е откриено кој е полицаецот на снимката и дали против него ќе има некакви санкции.

Како што дознава Курир, колегите и пришле кога дошла на работа во полициската станица во Белград и и рекле да ја соблече униформата и да се пресоблече. После тоа и ставиле лисици на рацете и ја однеле на распит.

Пред два месеца се појави видео на кое се гледа како млада полицајка орално задоволува колега во тоалетот на полициска станица. По објавата на видеото, полицијата почна истрага, која доведе и до уште една девојка, која не била вработена во полицијата, но била членка на наводната мрежа за проституција. Таа, според извори во полицијата, наводно признала дека се занимавала со проституција, а открила и за кого работела.

Девојките, според истите извори, добивале уплати на сметки и до 1.000 евра од богати клиенти, а често биле гледани во друштво на познати личности и учесници во ријалити-програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот