Фото: mkd.basketball

МКК Куманово со поените на Ѓуроски во последните секунди до триумф над Гостивар

Со поените на Стојан Ѓуроски, на девет секунди пред крајот на натпреварот, кошаркарите на МКК Куманово дојдоа до минимална победа против Гостивар (75:73) во рамките од првото коло во плеј-аут фазата во „МТЕЛ“ Супер лигата.

Наместо мирна завршница, МКК Куманово влезе во драматична завршница на средбата со Гостивар, прв од Плеј-аут сегментот за двете екипи. Двоцифреното водство, кое го имаа по три одиграни четвртини (60:50), не се покажа како доволно за мирен финиш. Напротив, Гостивар успеа да го анулира, дури и да поведе, и во последните две минути да има шанса и да победи во Куманово.

Во драматичната завршница, Стевановиќ загуби една топка по која Димитриевски положи за 73:73. Во оние 14 секунди до крајот, репрезентативецот Ѓуроски положи за водство на МКК Куманово (75:73), но крајот беше далеку. Во последниот напад, и добро организирана акција на гостиварци, Столески имаше отворена позиција, но не успеа со тројка, пред звукот на сирената, да му донесе победа на Гостивар, и ги остави надежите во битката за опстанок нешто поголеми.

Двата бода, тешко освоени, одат на контото на екипата од Куманово за скор (11-12), многу поголем и веќе недостижен за Гостивар (6-17). Луковиќ беше на нивото на задачата во овие 40 минути. Го заврши искусниот центар мечот со ефект од 27 поени и 14 скока, додека Стевановиќ додаде 13 поени (плус осум асистенции и пет скока).

На спротивната страна, Димитриевски реализираше 16 поени (плус девет скока и три додавања), Младеновиќ имаше поен помалку и шест асистенции, Црниќ додаде 11, а Американецот Грегори уште 10 поени.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

Чаир 2030 – Ангели 91:69

МКК Куманово – Гостивар 75:73

11.АПРИЛ (САБОТА)

18.00: Работнички – Феникс 2010

ТАБЕЛА

1.Чаир 2030 23 12 11 1870:1927 35

2.МКК Куманово 23 11 12 1863:1828 34

3.Работнички 22 9 13 1829:1792 31

4.Феникс 2010 22 8 14 1721:1778 30

5.Гостивар 23 6 17 1707:1836 29

6.Ангели 23 1 22 1505:2022 24

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот