Митрески: Во историјата на Собранието досега не се случило ниту еден амандман да не се прифати
Очигледно наместо да зборуваме што е потреба за граѓаните, очигледно дебатата е кој обезбедил, што обезбедил, кој што не направил, кој што направил, се со цел да се одбиваат амандманите, рече пратеникот на СДСМ Јован Митрески, на амандманската расправа за Буџетот на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.
Препорачано
Митрески нагласи дека го повлекува амандманот со кој треба да се обезбедат шест милиони денари за санација на дивата депонија кај Мауцхер, Охрид, како и наредниот амандман.
„Ве повикувам, како колеги пратеници од опозицијата. Досега ниту еден амандман не е прифатен. Ова не се има случено во историјата на Собранието“, рече Митрески, додавајќи дека не може ништо од ова што е напишано да не биде прифатено, како што имаше ситуација, минатата недела на тоа што сами од власта си го пишувле во прграмата, сега ќе излезе дека и амандманите што пишувале како опозиција сега не се прифатливи.
„Ве повикувам, колеги пратеници, размислете, до крајот на амандманската расправа да видиме како може како пратеници избрани од граѓаните да промениме ова што е предлог буџет, затоа што на крајот буџетот на државата го носи собранието“, рече Митрески.


