Мистериозен предмет пронајден кај „Северен поток“ – ќе објасни ли кој го нападна рускиот гасовод?

Данската агенција за енергетика ја покани швајцарската компанија Nord Stream 2 AG да учествува во операцијата за извлекување на непознат објект кој беше пронајден покрај оштетениот гасовод Северен тек 2 во Балтичкото Море.

„Објектот не претставувал непосредна безбедносна закана, но одлучиле да го извлечат со помош на националната војска“ соопштија данските власти.

Агенцијата чека одговор од Северен тек 2, кој носи еден од двата руски гасоводи оштетени во експлозиите во септември минатата година, на барањето да помогне во идентификацијата на објектот.

Блумберг објави дека тоа би можело да биде димна пловка, уред за испраќање сигнали во случај на опасност.

Инаку властите во Данска објавија фотографија од објектот. Се работи за цилиндричен предмет висок околу 40 сантиметри, и според фотграфијата тој се наоѓа до цевката.

Американски новинар: Бајден наредил да се минира гасоводот „Северен тек 2“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот