Мистерија во увото на Ѓоковиќ: Новак користи древна кинеска метода

EPA/MICHAEL DODGE

Мал фластер со црна точка во увото на Новак Ѓоковиќ предизвика внимание во јавноста.

Новак Ѓоковиќ на одличен начин ја започна одбраната на титулата во Австралија Опен, остварувајќи лесни две победи. Но освен триумфите над Штруф и на Ито, вниманието на јавноста го привлече нешто необично во неговото уво.

Имено, во десното уво на Ѓоковиќ е приметена црна точка и мал фластер. Иако на почетокот се мислеше дека станува збор за бенка, не е исклучено дека Ѓоковиќ користи традиционална кинеска метода во медицината.

Станува збор за „шен мен“ техника која во превод значи „портите од рајот“.
Во кинеската традиционална медицина, тајната е во точка во ушната школка која треба да се притисне за да се решат проблемите со големиот стрес, алергиите, болките или главоболките. Оваа едноставна метода која ја користат Кинезите ја користат со векови, очигледно е дека и Ѓоковиќ ја користи.

За српскиот тенисер е познато дека и во минатото користел одредени техники и симболи за кое се верува дека му помагаат. Тој во минатото имаше реики симбол Чо Ку Реи на своите патики, а минатата година имаше и симбол на Ацтеките кој претставува симбол на силата и енергијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот