МИСТЕРИЈА: Пронајдена напуштена јахта на турски милионер, од сопственикот нема трага (ФОТО+ВИДЕО)
Во брегот на Шенѓин, Албанија, е пронајдена напуштена луксузна јахта, вредна 2 милиони евра. Риболовците првично го забележале напуштениот брод долг 13 метри, закотвен 12 милји од пристаништето на Шенѓин, со запалени мотори и под турско знаме. По известувањето на крајбрежната стража, вo јахтата е пронајден пасошот на познатиот турски бизнисмен, 31-годишниот Севгин Јавуз.
Препорачано
Топ Чанел јавува дека бизнисменот тргнал на одмор на Јадранското приморје, додека пак сè уште нема ниту едно објаснување за неговиот престој во Шенѓин и за исчезнувањето на сопственикот или на другите лица, за кои се мисли дека биле на бродот со него.
Од разни извори се информира дека луксузната јахта тргнала од пристаништето во Бар, Црна Гора. Надлежните власти започнаа истрага за пронаоѓање на турскиот бизнисмен, неговите придружници и причината за напуштањето на бродот, пренесува Топ Чанел.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


