Фото: Felix Wong / илустрација

Мистерија кај Пониква – човек е пронајден во несвест во автомобил

Полицијата извести дека вчера по полноќ, на патот меѓу Кочани и Пониква е пронајден 46-годишен жител на Кочани, кој бил без свест во автомобил „Поло“. Од МВР велат дека човекот немал видливи повреди, но сепак бил пренесен во болница.

„Ноќеска во 00:35 часот во СВР Штип – ОВР Кочани е пријавено дека во патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки на регионалниот пат Кочани–Пониква во бессознание и без повреди е пронајден Г.А.(46) од Кочани. Тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош“, пишува во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ужас во Скопје: Со дрвена ногарка го претепал својот брат, го оставил да лежи во крв, а тој си легнал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот