Мишел Фајфер покрај актерскиот има уште еден талент: Познатата актерка ја воодушеви јавноста! (ФОТО)

профимедиа

Мишел Фајфер, прекрасната актерка на која се сеќаваме по многуте незаборавни улоги, времето во карантин го поминува паметно.

Мишел Фајфер / Фото: Профимедиа

Згодната Американка која и во 62-та година мами погледи со својата интересна убавина, не е само талентирана глумица, туку и талентирана сликарка.

Мишел на својот Инстаграм профил каде од ден во ден има се повеќе следбеници го постави својот автопортрет кој ја воодушеви јавноста и нејзините пријатели и колеги.

инстаграм

Следеа бројни пофалби од нејзините славни пријатели како Мелани Грифит, Наоми Вотс, Наоми Кембел… Воодушевена била и Саша Спилберг, ќерката на познатиот Стивен Спилберг која само напиша: „Мишел!!!“.

Инаку, како што се зборува, Мишел би можела да ја репризира својата улога „Жена-мачка“ од 1992 година каде што Бетмен го глумеше Мајкл Китон кој веќе е во преговори да глуми во филмот „The Flash“. Актерката во последно време можевме да ја видиме во филмот: „Ant-Man and the Wasp’ i ‘Maleficent: Mistress of Evil“ во друштво со Анџелина Џоли и Ел Фенинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот