Мисајловски: Разликата е 3:1, во некои општини и 10:1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, изјави дека очекува неговата партија да обезбеди голема победа уште во првиот круг од локалните избори.
Препорачано
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство во повеќе општини ширум државата и дека резултатите што пристигнуваат од терен укажуваат на јасна надмоќ.
– ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, а има општини каде што таа достигнува и 6:1, 7:1, па дури и 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија – изјави Мисајловски.
Според него, веќе се обезбедени градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце и Вевчани, а во повеќе други општини се очекува конечна потврда на резултатите.
– Гласовите сè уште се пребројуваат, но трендот е јасен. На прагот сме на убедлива победа и во Струмица. Орце Ѓорѓиевски води убедливо во Скопје – со разлика од 5:1, а во некои општини и 6:1. Имаме водство и во Центар – нагласи Мисајловски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
34мин
-
36мин
-
42мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


