Мировниците од Кореја за „Слободен печат“: „Кога момчето ни рече корона многу се налутивме“

Кога момчето ни се обрати со „корона“, тоа ни беше апсурдно и се налутивме. Ама решивме да не одговориме, зошто ако му одговоревме, ќе не нападнеше на полична основа.

Вака Азијците од Јужна Кореја кои во Македонија се веќе четврта година, преку организацијата Heavenly Culture World Peace Restoration of Light, за „Слободен печат“ го коментираат моментот кога им пристапило непознато лице по кое сега трагаат органите на прогонот, со ксенофобични зборови. Нивните имиња се Ан Гил, Еди Чои, Ребека Ким, Емили Ли и Џејсон Парк.

Ребека Ким, претставничка на невладината организација, додава дека тоа било првпат да бидат наречени „корона“ од било кого во Македонија.

Првпат го слушнавме тој збор во оваа земја, пред Министерството за надворешни работи, додека чекавме, додава таа.

Во земјава ќе продолжат да доаѓаат, како што тоа го правеле во последните четири години, со активности за толеранција и мир во училиштата. Овие активности ги спроведуваат во земјава како дел од проектот за мировно образование.

Пред два дена, на интернет се појави видео клип во кој Азијците од Јужна Кореа беа бркани од земјава од страна на непознато момче, кое ги нарекуваше корона. Видеото беше осудено од премиерот Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а претставниците на невладината организација со посебен статус во ОН беа примени од Министерството за надворешни работи.

Ова видео ги запали социјалните мрежи – „Мрш од тука, короништа едни“

Спасовски упати извинување до јужнокорејските туристи: Говорот на омраза е непожелен во македонското општество

Сите институции го бараат снимателот на „корона“ видеото

Корејците за инцидентот во Скопје: Македонците се љубезни, тоа беше еден изолиран случај

МНР им се извини на Корејците кои беа навредувани во Скопје

Шилегов: Ксенофобичниот напад врз Азијците во Скопје е срам за градот и земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот