Шилегов: Ксенофобичниот напад врз Азијците во Скопје е срам за градот и земјата

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов истакна дека денешниот ксенофобичен испад кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.

-Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата. Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот. Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите, напиша Шилегов на социјалната мрежа Фејсбук.

На социјалните мрежи се појави видео во кое едно лице навредува Азијци кои се во посета на Скопје.

Ова видео ги запали социјалните мрежи – „Мрш од тука, короништа едни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот