Сите институции го бараат снимателот на „корона“ видеото

Обвинителството уште го бара снимателот на ксенофобичното „корона“ видео. Оттаму за „Слободен печат“ велат дека дале наредба до повеќе институции за да се утврди идентитетот на лицето.

„По наредбите се уште се постапува. Предметот е во фаза на предистражна постапка и обвинителството не е во можност да сподели повеќе детали околу сите дејствија што се преземаат“ – велат оттаму.

Како што веќе објавивме, странците од видеото што ја запали македонската јавност кои беа брутално вербално нападнати и снимани од скопјанец, кој со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона, всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија.

Извинување до нив испратија градскиот татко, Петре Шилегов, премиерот Оливер Спасовски, како и Министерството за надворешни работи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот