Мировна конференција за Украина во јуни во Луцерн

Архива на СП

Швајцарската Влада денеска соопшти дека 15-ти и 16-ти јуни ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.

Конференцијата ќе се одржи во одморалиштето Бургенсток во кантонот Нидвалден, во близина на градот Луцерн, а како што се вели во соопштението, целта ќе биде да се создаде рамка за траен мир во Украина, како и „конкретен план за учество на Русија во мировниот процес“.

Швајцарската Влада исто така соопшти дека Европската унија и претставниците на земјите од таканаречениот Глобален Југ, вклучувајќи ги Бразил, Кина, Етиопија, Индија, Саудиска Арабија и Јужна Африка, биле вклучени во раните дискусии за организирање на конференцијата.

„Во моментов има доволна меѓународна поддршка за конференција на високо ниво за да се иницира мировниот процес“, се вели во соопштението.

Швајцарските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека на конференцијата би можел да присуствува и американскиот претседател Џо Бајден, кој во тој момент ќе биде на самитот на Г7 во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот