Мирковски: На мака се препознаваат јунаците, овие кошаркари се хероите на Работнички
Во последното 22 коло од регуларниот дел од македонската „МТЕЛ“ кошаркарска Супер лига, екипата на Работнички го совлада МКК Куманово во салата „Лазар Лечиќ“ со 76:72.
Препорачано
Клубот со најмногу титули, вкупно 15, во домашниот шампионат, Работнички, ќе ја продолжи сезоната во плеј-аут натпреварувањето преку кое ќе се обиде да остане во елитата.
Играчите предводени од тренерот Владимир Мирковски својот нов меч ќе го имаат на 11 април на домашен терен против Феникс 2010.
– Овие кошаркари се хероите на Работнички. Како што одамна е кажано — на мака се препознаваат јунаците. Како шеф на стручниот штаб, сакам да упатам искрени честитки до моите кошаркари и до целиот стручен штаб за прикажаната борбеност, карактер и пожртвуваност. Претходниот викенд несреќно загубивме од освојувачот на Купот, но веќе вчера успеавме да го совладаме вицешампионот и да покажеме дека овој тим има квалитет, дух и победнички менталитет. Голема благодарност и до Сити Парк Бојс за силната поддршка — вашата енергија и верба многу значат за тимот – се зборовите на Мирковски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
13мин
-
23мин
-
39мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


