Бојан Миовски/Rangers FC

Миовски по двата гола: Задоволен сум од формата, добивам самодоверба

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар и со два гола беше еден од подобрите на теренот во убедливата победа на Ренџерс од 6-3 на гостувањето кај Фалкирк.

Иако мечот го започна од клупата, Миовски доби шанса на стартот од второто полувреме во момент кога неговиот тим имаше негатива од 1-2. Токму неговото влегување донесе пресврт на теренот, а македонскиот напаѓач се наметна како еден од главните херои во триумфот.

„Секој напаѓач сака да придонесе за тимот. Секогаш сум подготвен кога ќе добијам шанса, а сега успеав да помогнам со два гола. Задоволен сум од формата, три гола на последните два натпревари ми даваат дополнителна самодоверба“, изјави Миовски по средбата.

И покрај ограничената минутажа, македонскиот голгетер има солиден учинок – досега седум пати ја тресеше противничката мрежа во шкотскиот шампионат оваа сезона.

Миовски двоен стрелец во пресвртот на Ренџерс против Фалкирк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот